Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје
Поради пожарот во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје се уште е затворен за секаков вид возила, информира АМСМ.
Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), со пожарот е зафатена мешана шума.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов вчера соопшти дека во гаснењето на пожарот се вклучени екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ). За гаснење, напомена Ангелов, се користат сите можни ресурси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни три, изгаснати дваесет и осум пожари…
На ден 12/13.08.2025 година, до 08:00 часот,…
Црна Гора бара меѓународна помош за гаснење…
Црна Гора бара меѓународна помош за гаснење…
Десет активни пожари до 18 часот, сѐ…
На ден 11.08.2025 година, до 18:00 часот,…
Гори на југот на Италија: Пожар го…
Гори југот на Италија, пожарникари од цела…
Големи пожари во Албанија, се очекува помош…
Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди…