Гори на југот на Италија: Пожар го зафати Везув, еруптира и вулканот Етна

t

Гори југот на Италија, пожарникари од цела Италија се борат со огнот

Пожарникарите се борат со пожар на падините на Везув, откако сите планински патеки до вулканот во близина на Неапол беа затворени за туристи.

Пожарникарите испратија дванаесет екипи, вклучувајќи шест канадери, на терен за да се борат со пожарот, кој гори од петокот.

Помош беше повикана и од други делови на Италија, објави Франс Прес.

„Од безбедносни причини и за олеснување на операциите за гаснење пожари и чистење во погодените области, сите активности на патеките на Националниот парк Везув се прекинати до понатамошно известување“, соопштија од Националниот  парк во саботата.

Минатата година, околу 620.000 луѓе го посетија кратерот на вулканот, според нивната статистика. Во неделата, чад од пожарот можеше да се види од блискиот археолошки локалитет Помпеја, кој остана отворен за туристи.

Во исто време, активен стана и вулканот Етна на островот Сицилија, што само по себе не е толку необично. Според Кориере дела Сера, ерупцијата се случила на надморска височина над 3.000 метри.

Antonello Perillo on X: “Incendio sul #Vesuvio 🔥 @TgrRai @TgrRaiCampania https://t.co/uuhK6hCRle” / X

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија планира казни до 160 евра за…

Италија наскоро би можела да воведе казни…

Италија сака да воведе данок за богатите…

Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…

(Видео) Протестите во Италија ескалираа – владата…

Италијанската влада ќе испрати 500 армиски војници…

(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби…

Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во…