Поради полaрните темпертури кои доаѓаат, се затвaраат сите училишта во Албанија

Првите три дена, односно од понеделник до среда, следната недела, во Албанија се затвораат сите училишта, поради најавата за поларни температури кои ќе ја зафатат земјата.
– Оваа важна одлука е донесена, бидејќи во наредните денови се очекуваат многу ниски температури, кои се вонредни температури за земја како нашата. Во некои области ќе достигне и до-17 степени Целзиусови, објави на Фејсбук министерката за образование, Евис Куши.
Наведува дека апсолутен приоритет во секое време е здравјето и благосостојбата на децата и поради оваа причина е одлучено да нема настава во сите училиштата.
– Секако доколку прогнозите не се покажат точни, а температурите ќе бидат поприфатливи, ќе ја разгледаме оваа одлука и ќе бидеме во постојана комуникација со вас, бидејќи за нас процесот на учење е од приоритетно значење, додава Куши.
Изгубените часови, објаснува таа, ќе бидат дополнети во договор со локалните канцеларии за образование, за што навремено ќе бидат информирани сите образовни институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонците во Албанија дискриминирани од албанското Министерство…
Македонското друштво “Илинден” -Тирана се јави со…
Ќе се зголеми минималната плата во Албанија…
Минималната плата во Албанија ќе продолжи да…
Албанскиот претседател: Во никој случај не прифаќаме…
Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, вчера се…
(Видео) Две лица уапсени во Валона за…
Две лица се приведени од полицијата како…
Се сретнаа двајца од тројцата премиери Албанци…
Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е…