ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ! Андоновска: 3,4 доктори, 0,9 стоматолози и нецели 5 кревети на 1000 ЖИТЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА!

-На 1000 жители имаме 3,4 доктори, вклучително и општа пракса и специјалсти и приватно и јавно здравство. За компарација, Србија има 6 доктори на 1000 жители. Стоматолози имаме 0,9 на 1000 жители, болнички кревети имаме 4,8. Дали сме спремни ние за пандемија, елементарни непогоди? – вели во гостување во „Тешки муабети“ носителката на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица 1, Д-р. Добрила Андоновска.
Здравството е максимално политизирано, нагласи Андоновска која истакна дека министрите за здравство, но и директорите на клиниките и раководителите, се менуваат, народски кажано, како чорапи. Дополнително, докторите се делат по партии, нагласи Андоновска.
– Несоодветни личности се на несоодветни позиции. Врвен експерт по анестезиологија го поставуваат за директор на установа што нема никаква врска со анестезиологија. Понатаму, здравството го гледаат само како тендер. Мораме да отвориме палијативни центри, срамота е да не можеме да ги згрижиме тие пациенти и да ги испраќаме во странство. Здравството е сконцентрирано само во Скопје, регионалните болници се слабо функционални, нагласи Андоновска.
Во Македонија има недостаток на доктори и невработени доктори истовремено.
– Има 350 невработени доктори во моментот, од кои 50 се во Скопје, имаме 18 специјалисти невработени, меѓу кои имаме и педијатар, истакна Андоновска и нагласи дека државата мора да се погрижи да обезбеди соодветни услови за приватните специјализанти.
Во Македонија нема Трикафта, открива Андоновска!
– Ова е проверена информација од колешка пулмолог, во моментот одговорно ви тврдам, во Македонија нема Трикафта! Лекови за ретки болести мора да има, нагласи Андоновска.
Македонија ги губи кадрите бидејќи овде не добиваат соодветна почит, со години работат како ангажирани преку агенција, а секој што заминал од Македонија си го нашол своето место под Сонцето, нагласи Андоновска која истакна дека не смее да се дозволи Македонија да продолжи да губи врвни медицински кадри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…