Порака од ЕУ: Територијалниот интегритет мора да се почитува, ние сме во солидарност со Данска и народот на Гренланд
Безбедноста на Арктикот останува приоритет и е од клучно значење за Европската Унија, изјавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, откако САД назначија специјален пратеник за Гренланд.
„Територијалниот интегритет и суверенитет се основни принципи на меѓународното право. Овие принципи се важни не само за Европската Унија, туку и за сите нации во светот“, објавија двајцата на платформата X.
Фон дер Лајен и Кошта додадоа дека Унијата „е во целосна солидарност со Данска и народот на Гренланд“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, поттикна нов конфликт со Данска со назначување специјален пратеник за Гренланд, големиот арктички остров за кој рече дека сака да го анектира. Трамп, исто така, објави во неделата дека Џеф Ландри, републиканскиот гувернер на Луизијана, ќе стане амбасадор за Гренланд, полуавтономен дел од Кралството Данска.
Гувернерот Ландри во објава на X изјави дека му е чест да служи како „волонтер за да го направи Гренланд дел од Соединетите Американски Држави“. Тој потег го налути Копенхаген, кој објави дека ќе го повика американскиот амбасадор за „објаснување“. Премиерот на Гренланд рече дека островот мора „сам да одлучи за својата иднина“ и дека неговиот „територијален интегритет“ мора да се почитува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Порака од ЕУ: Територијалниот интегритет мора да…
Безбедноста на Арктикот останува приоритет и е…
Ново задолжување од 20 милиони евра
Македонија ќе се задолжи кај Европската банка…
(Видео) Дедо Мразовци и џуџиња ограбиле продавница…
Невообичаена сцена се одвиваше во еден супермаркет…
Снежна покривка до 10 см и поројни…
Под влијание на влажни воздушни бранови, од…
Спиропали во Скопје, на средба со Муцунски:…
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја…