Порака од ЕУ: Територијалниот интегритет мора да се почитува, ние сме во солидарност со Данска и народот на Гренланд

t

Безбедноста на Арктикот останува приоритет и е од клучно значење за Европската Унија, изјавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, откако САД назначија специјален пратеник за Гренланд.

„Територијалниот интегритет и суверенитет се основни принципи на меѓународното право. Овие принципи се важни не само за Европската Унија, туку и за сите нации во светот“, објавија двајцата на платформата X.

Фон дер Лајен и Кошта додадоа дека Унијата „е во целосна солидарност со Данска и народот на Гренланд“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, поттикна нов конфликт со Данска со назначување специјален пратеник за Гренланд, големиот арктички остров за кој рече дека сака да го анектира. Трамп, исто така, објави во неделата дека Џеф Ландри, републиканскиот гувернер на Луизијана, ќе стане амбасадор за Гренланд, полуавтономен дел од Кралството Данска.

Гувернерот Ландри во објава на X изјави дека му е чест да служи како „волонтер за да го направи Гренланд дел од Соединетите Американски Држави“. Тој потег го налути Копенхаген, кој објави дека ќе го повика американскиот амбасадор за „објаснување“. Премиерот на Гренланд рече дека островот мора „сам да одлучи за својата иднина“ и дека неговиот „територијален интегритет“ мора да се почитува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест активни пожари низ Македонија

На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…

Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Пожар избил денеска на територијата на Општина…

Лефков: Грижата на талогот од СДС и…

Венко Филипче како прв човек на СДС,…

Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…

Јас можам за прв пат да се…