Објавено на:

Поранешен заменик командант на НАТО порача: Западот да се подготви за војна со Русија

t

Се повеќе има реакции на вчерашната изјава на британската министерка за надворешни работи Лиз Трас која порача дека руските сили треба да бидат протерани од цела Украина.

Поранешниот заменик командант на НАТО за Европа, генерал Ричард Ширеф, рече дека тоа е „апсолутно вистинскиот пристап“.

-Таквиот пристап треба да биде придружен со значителни ресурси. Ова треба да се направи правилно, преку Алијансата како целина, изјави Ширеф за Би-Би-Си.

Генералот Ширеф предупредува дека рускиот претседател Владимир Путин на тоа би можел да одговори со агресија, но посочува дека ескалацијата е неопходна „за да се покаже дека Западот е сериозен“.

-Војната со Русија е најлошото сценарио, но подготвувањето за најлошото сценарио веројатно би можело да го одврати Путин бидејќи на крајот Путин ја почитува само силата, заклучил генералот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Илинденска“ Скопје via Москва: Директни пипци од…

Ќерката на вицепремиер во земја членка на…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…

Американските бомбардери Б-52 пристигнаа во Романија на…

Американските стратешки бомбардери Б-52, кои во неделата…

(Фото) Ова е хеликоптерот што Србија ни…

Припадниците на хеликоптерската единица и Министерството за…

Венс: Ако победи Трамп ќе преговара со…

Доколку Доналд Трамп победи на изборите, ќе…