Објавено на:

Поранешен припадник на ОВК уапсен во РСМ по потерница од Србија, косовското МНР бара негово ослободување

t

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти синоќа дека е информирано за апсењето на косовски државјанин од страна на полицијата на Северна Македонија, врз основа на потерница издадена од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од косовското МНР информираат дека станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме.

– Нашиот амбасадор во Северна Македонија, г. (Фљориан) Ќехаја, интензивно се залага за решавање на овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на г. Рамадани. МНР ќе ја информира јавноста за натамошниот развој на настаните во врска со овој случај, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…