Порошенко се пожали: Ме спречија да ја напуштам Украина

t

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко соопшти дека властите утрово го спречиле да ја напушти земјата во, како што рече, „политички мотивиран обид за нарушување на неговите активности“.

Порошенко, кој ја водеше Украина од 2014 до 2019 година, а сега е опозициски пратеник, објави видео од граничниот премин со Полска и рече дека бил спречен да ја напушти земјата, и покрај, како што рече, официјалната дозвола, што ја покажа на видеото.

Поради воената состојба, украинските функционери мора да имаат посебна дозвола за патување во странство.

Заменик-претседателот на украинскиот парламент Олександр Корниенко подоцна потврди дека му ја укинал дозволата на Порошенко да ја напушти земјата. Корниенко рече дека додека на пратениците им е дозволено да патуваат на партиски политички настани, тој добил писмо, за кое не можеше подетално да објасни, поради кое морал да ја откаже дозволата за патување на Порошенко.

Порошенко рече дека планирал да отпатува во Полска, за да помогне во преговорите за ставање крај на граничната блокада на камионџиите, а потоа и во САД за да лобира за поддршка на украинските воени напори.

Заедно со видеото, тој напиша порака во која ја обвинува владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека му ја поништила дозволата и тврди дека тоа е политичка одлука пред изборите.

„Ова е антиукраинска диверзија. Тоа не е само спречување на дипломатската работа на целиот мој тим, туку, за жал, тоа е напад врз одбранбените способности на Украина“, напиша Порошенко.

Порошенко, кој ја предводи опозициската партија Европска солидарност, е истакнат критичар на владата на Зеленски, а двајцата водеа жестока, често длабоко лична битка на претседателските избори во 2019 година, кога победи Зеленски.

Зеленски минатиот месец соопшти дека „не е време“ да се одржат претседателски избори, кои во нормални околности треба да бидат распишани за март 2024 година, но нивно одржување е забрането во услови на воена состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Не смееме да дозволиме непријателот да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците…

Русите влегоа во Авдеевка од нов правец,…

Руските трупи влегле во Авдеевка од нов…

Германската буџетска криза нема да пречи на…

И покрај буџетската криза со која се…

Зеленска: Ве молам не ја запирајте помошта

Украинската прва дама, Олена Зеленска во интервју…

Бугарскиот парламент контра Радев: Оружје во Украина…

Бугарскиот парламент го отфрли ветото што претседателот…