Објавено на:

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

t

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 31.07.2022 година (недела), поради реализација на предвидените манифестации во Скопје по повод одбележувањето на националниот празник Илинден, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на градот Скопје.

Притоа, посебениот режим на сообраќај ќе се воспостави со почеток 07.30 часот при што за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците „11 Октомври” и „Димитрија Чуповски”, и тоа на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин” до крстосницата со ул.„Васил Главинов”, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Верижен судир вечерва во Скопје! Учествуваа…

Верижен судар се случи вечерва во центарот…

Санкционирани 165 возачи во Скопје, најголем дел…

Министерството за внатрешни работи во текот на…

(Видео) Со ваква младина треба да плачеме…

На социјалните мрежи се појави видео од…

Скопјани на цела држава наплаќаат паркинг во…

Социјалните мрежи вријат заради информацијата дека за…