„Поскапувањето на горивата е уште еден доказ за целосниот економски колапс под ВМРО-OКГ“, велат од СДСМ
СДСМ преку соопштение оцени дека најновото поскапување на горивата е уште еден показател за, како што велат, лошата економска состојба во земјата и неуспехот на економските политики на Владата.
Од партијата посочуваат дека дизелот поскапува за 5,5 денари по литар, а бензините за 1,5 денар, оценувајќи дека тоа не е изненадување, туку продолжение на кризата за која, според нив, предупредувале со месеци.
„Владата на Христијан Мицкоски немаше слух да воведе мерки што ќе го ублажат ударот врз граѓаните. Дали станува збор за неспособност или за намерно нереагирање, цената повторно ја плаќаат граѓаните“, велат од СДСМ.
Од опозициската партија тврдат дека Владата нема јасен план за справување со економските предизвици и ја обвинуваат дека не успеала да ги исполни ветувањата дадени пред изборите.
Во соопштението се наведува и дека економијата е во криза, буџетот е под притисок, а европските интеграции се блокирани. СДСМ ја критикува и најавената реконструкција на Владата, оценувајќи дека таа претставува обид за прикривање на неуспесите.
Партијата тврди дека власта се обидува да создаде услови за предвремени парламентарни избори преку, како што наведува, политички кризи и тензии, бидејќи, според СДСМ, повеќе не може да ги сокрие своите неуспеси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Поскапувањето на горивата е уште еден доказ…
СДСМ преку соопштение оцени дека најновото поскапување…
Повеќето возила неисправни, милионски долгови и пропусти…
Сериозни финансиски, организациски и технички слабости во…
АРГЕНТИНА ДОЖИВУВА МОНЕТАРЕН КОЛАПС: Пезосот изгуби 99,8%…
Аргентинската валута пезос достигна ново најниско ниво…
Унгарија: Претседателот Суљок разрешен од функцијата
Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја започна парламентарната седница со…
ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА „ЗДИВЕА“: Барел чини 84…
Американските акции паднаа откако претседателот Доналд Трамп…