Повеќето возила неисправни, милионски долгови и пропусти – Ревизија со сериозни забелешки за работењето на Комунална хигиена

t

Сериозни финансиски, организациски и технички слабости во работењето на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ утврдил Државниот завод за ревизија, поради што дал неповолно мислење за финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива за 2024 година.

Според ревизорскиот извештај, претпријатието се соочува со голем износ на побарувања чија наплата е неизвесна, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк.

Ревизијата покажала дека околу 60 проценти од специјалните комунални возила не се во функција. Од вкупно 189 возила, исправни се само 76, додека 80 се неисправни, а 33 се хаварисани. Просечната старост на возниот парк изнесува 15 години, што, според ревизорите, значително ја намалува способноста на претпријатието за ефикасно извршување на јавната услуга.

Утврдени биле и неправилности во евиденцијата на недвижностите и опремата, при што не е обезбедено правото на сопственост за дел од имотот, а не е евидентирана ниту опрема во вредност од над 29 милиони денари.

Дополнително, побарувања во износ од околу 127 милиони денари имаат значително намалена или неизвесна наплатливост, а дури 40 проценти од резервните делови на залиха се набавени уште во 2009 година и денес немаат реална употребна вредност.

Ревизорите посочуваат и дека поради недобиена согласност за годишните планови за вработување, претпријатието во текот на 2024 година преку приватна агенција ангажирало 354 лица, за што биле исплатени околу 185,7 милиони денари.

Анализата покажува дека претпријатието работи со загуба, има намалена ликвидност, а обврските достигнуваат речиси 737 милиони денари. Поради доцнењето во плаќањето кон добавувачите се создаваат дополнителни трошоци за камати и казни, што дополнително ја влошува финансиската состојба.

Државниот завод за ревизија препорачува итно преземање мерки за надминување на утврдените слабости, изработка на стратегија за модернизација на возниот парк и воспоставување систем за континуирано следење на техничката исправност и економската оправданост на неговото одржување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќето возила неисправни, милионски долгови и пропусти…

Сериозни финансиски, организациски и технички слабости во…

АРГЕНТИНА ДОЖИВУВА МОНЕТАРЕН КОЛАПС: Пезосот изгуби 99,8%…

Аргентинската валута пезос достигна ново најниско ниво…

Унгарија: Претседателот Суљок разрешен од функцијата

Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја започна парламентарната седница со…

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА „ЗДИВЕА“: Барел чини 84…

Американските акции паднаа откако претседателот Доналд Трамп…

Тројца членови криминалната група Беланоца добија високи…

Тројца членови на криминалната група Беланоца вчера…