Последиците од кризата ќе бидат долгорочни, предвидува проф. Јовановски

t

Во вечерното гостување во Тема на денот во вестите на „Сител“, економистот Зоран Јовановски вели дека сите треба да разбереме дека последиците од кризата ќе бидат долгорочни. Покрај тоа што цените на нафтата ќе растат, можно е и самата достапност на нафтата да е проблем. Тој вели дека колку што е можно треба да се чува горивото што го имаме во моментот.

Можеби треба да се размислува за возење на пар-непар, да се зголеми работата од дома итн., за да кога ќе треба, горивото да се пренасочи кон земјоделството за производство на храна, вели Јовановски.

Суштински најважната работа во моментов според Јовановски е тоа дека ние не смееме да ја загрозиме иднината на младите генерации, само за да се одржи комодитетот на сите останати.

Мораме да разбереме дека секој од нас во овој процес треба да си преземе дел од тежината. Едноставно животот ќе ни биде потежок додека трае кризата и тоа мора да го прифатиме, вели Јовановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последиците од кризата ќе бидат долгорочни, предвидува…

Во вечерното гостување во Тема на денот…

Уште еден американски авион срушиле Иранците во…

Иран собори американски борбен авион над земјата,…

Ампева апелира работниците од „Артекс“ да не…

Конфекцијата „Артекс“ се затвора, а вработените денеска…

Венко Филипче и должи одговор на македонската…

Последното соопштение на СДСМ, насочено кон „Инфомакс“…

За еден ден приведени 10 возачи

Лишени од слобода се 10 возачи во…