Последиците од кризата ќе бидат долгорочни, предвидува проф. Јовановски
Во вечерното гостување во Тема на денот во вестите на „Сител“, економистот Зоран Јовановски вели дека сите треба да разбереме дека последиците од кризата ќе бидат долгорочни. Покрај тоа што цените на нафтата ќе растат, можно е и самата достапност на нафтата да е проблем. Тој вели дека колку што е можно треба да се чува горивото што го имаме во моментот.
Можеби треба да се размислува за возење на пар-непар, да се зголеми работата од дома итн., за да кога ќе треба, горивото да се пренасочи кон земјоделството за производство на храна, вели Јовановски.
Суштински најважната работа во моментов според Јовановски е тоа дека ние не смееме да ја загрозиме иднината на младите генерации, само за да се одржи комодитетот на сите останати.
Мораме да разбереме дека секој од нас во овој процес треба да си преземе дел од тежината. Едноставно животот ќе ни биде потежок додека трае кризата и тоа мора да го прифатиме, вели Јовановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…
ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…
За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…
МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…
Според информациите од МВР, помала група припадници…
Хакиран билборд над автопат во Каиро: Наместо…
Билборд поставен над еден од главните автопати…
(Видео) Браво! Илјадници луѓе маршираат по улиците…
Десетици илјади граѓани маршираат во Тел Авив…