Последна информација од МНР: Уште колку македонски државјани се заглавени во Украина?

t

Министерството за надворешни работи соопшти дека испраќа дипломатска екипа во Украина, и тоа во состав на актуелниот амбасадор во земјата Крум Ефремов, заедно со уште еден искусен конзуларен работник, кои ќе ги водат процесот на терен при асистирањето на евакуацијата на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани.

Воедно информираме дека досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се сѐ уште на украинска територија како и нивни членови на семејство украински државјани. Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места, и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори; нивното движење постојано го следиме сѐ до нивното напуштање на земјата, а потoа, нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава.


Информираме дека секое движење низ Украина е сериозно отежнато, се одвива по споредни рути кои се преполни, и оттука движењето е бавно.

Министерството за надворешни работи продолжува одблиску да ја следи состојбата и за секоја нова промена соодветно ќе ја информира јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Падна Лиман – упориштето на украинските…

Упориштето на Доњецк падна во рацете на…

Уништени хеликоптери и воен транспортер, убиени повеќе…

92-ри ден од руската специјална операција во…

Мила му е Украина ама помил му…

Најбогатиот човек во Украина, Ринат Ахметов вели дека планира…

Русите бесни: Украинската црква бара Вартоломеј да…

Украинците бараат од Вселенскиот патријарх да го…

Москва чека Киев да ја сфати реалната…

Москва чека Киев да ги прифати барањата…