ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА ЦАР САМОИЛ ЌЕ ОДАТ НА ДНК-АНАЛИЗА ВО ГЕРМАНИЈА: Се чекаат дозволи за испраќање на коските

t

Посмртните останки на цар Самоил и на неговите претпоставени роднини би можеле до крајот на 2026 година да бидат испратени во Институтот „Макс Планк“ во Германија за генетска анализа. Ова го изјави д-р Људмил Вагалински од Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките, пренесува Бугарската телеграфска агенција (БТА). Според него, веќе е постигнат начелен договор за соработка со германскиот институт, но сè уште се финализираат условите и процедурите за истражувањето.

Се чека одобрение од Министерството за култура
Вагалински посочи дека за испраќање на останките во странство се потребни соодветни дозволи, формални договори и одобрение од Министерството за култура. Конкретните услови и временските рамки допрва треба да бидат дефинирани меѓу двете институции. Археологот изрази оптимизам дека постапката ќе биде реализирана до крајот на 2026 година.

Анализа која може да трае околу шест месеци

Според Вагалински, археогенетските истражувања се сложен и долготраен процес, а за добивање резултати обично се потребни околу шест месеци. Тој предупреди дека анализата може да биде отежната поради староста на посмртните останки, бидејќи цар Самоил живеел пред околу илјада години, а коските со текот на времето изгубиле голем дел од материјалната содржина неопходна за ваков вид истражување.

Претходно посмртните останки за кои се смета дека му припаѓаат на цар Самуил пристигнаа во Бугарија, беа пречекани со свечена церемонија и државни почести. При пречекот беше интонирана бугарската химна, а беа испукани и 21 топовски салут. Воен авион со останките пристигна во Софија, по што тие беа пренесени до плоштадот „Кнез Александар I“. Од таму беа пренесени до црквата „Света Софија“, каде граѓаните можат да оддадат почит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА ЦАР САМОИЛ ЌЕ ОДАТ…

Посмртните останки на цар Самоил и на…

Влада: Попуст при купување стан, нула комуналии…

Поевтини станови и полесен пат до сопствен…

Муцунски: Герапетритис јавно кажа дека имаме сериозен…

Ме радува тоа што министерот Герапетритис јавно…

Исчезнаа две малолетни сестри од Штип, полицијата…

Полицијата трага по две малолетни сестри од…

Гранични полицајци земаа мито – заработија и…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…