„Почивај во мир ангелу наш“: Стотици луѓе оддадоа почит за Викторија и рекоа СТОП за сообраќајното насилство

Неколку стотина луѓе се собраа денеска на мирниот протест на раскрсницата пред Сити мол, на местото на кое на 20 јануари загина Викторија Николова од Радовиш. Присутните изразија почит за прерано згаснатиот живот на младата девојка и рекоа СТОП за сообраќајното насилство.
На собирот кој го организираше момчето на Викторија, Леонид Даов кој беше полесно повреден во истата сообраќајна несреќа, присуствуваа и членови на семејството на Викторија и нејзини сограќани од Радовиш.
Со транспаренти и маички „Почивај во мир ангелу наш“ и „Стоп за сообраќајното насилство“ присутните и оддадоа почит на Викторија и го изразија поддршка во борбата да се стави крај на безобзирното возење по улиците и да се подигне свеста на учесниците во сообраќајот, да се стави крај на сообраќајното насилство кое станува се поприсутно на улиците и одзема невини животи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…
Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…
Протестен марш на семејствата на загинатите денеска…
Во сабота, 25 април со почеток од…
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…
Средните училишта низ Србија продолжуваат со бојкот…
Повеќе средни училишта во Србија од понеделник…