Објавено на:

Почина 81-годишник, со трактор излетал од патот кај Градско

t

Осумдесет и едногодишен жител на Градско го загубил животот во тешка несреќа што се случила во атарот на селото Уланци, откако тракторот што го управувал излетал од патот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 25 јули во СВР Велес. Несреќата се случила околу 18 часот кај местото викано „Србиново“, каде С.Л. (81) од Градско, управувајќи трактор со приколка, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.

Од здобиените повреди, мажот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа на СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 81-годишник, со трактор излетал од патот…

Осумдесет и едногодишен жител на Градско го…

Хаос во Струмица: Насилници претепале цело семејство…

СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична…

Тинејџер прободен во градниот кош – тврди…

Ноќеска во 01:12 часот во СВР Скопје,…

Жена е повредена во пожар во Тетово

На 25.07.2026 година во 09.20 часот во…

Уапсен струмичанец кој превезувал мигранти

Полицијата вчеравечер во близина на крстосница од…