Почина 81-годишник, со трактор излетал од патот кај Градско
Осумдесет и едногодишен жител на Градско го загубил животот во тешка несреќа што се случила во атарот на селото Уланци, откако тракторот што го управувал излетал од патот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 25 јули во СВР Велес. Несреќата се случила околу 18 часот кај местото викано „Србиново“, каде С.Л. (81) од Градско, управувајќи трактор со приколка, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.
Од здобиените повреди, мажот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увид на местото извршила екипа на СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…