Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот состав на Антикорупциската комисија

t

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска одржува седница на која се спроведуваат интервјуа на пријавените кандидати за претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).  

За новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата пријавени се 42 кандидати кои ги исполниле условите од огласот за нови членови на ДКСК – Кариман Авзији, Славица Андреевска, Зоран Богоевски, Оливер Вузај, Даут Даути, Сервет Демири, Берат Дехари, Татјана Димитровска, Дијана Димковска, Дона Димов-Марковска, Сирма Ѓорѓиева-Антонијевиќ, Рамадан Ибраими, Јован Јовчески, Сузана Јошевса-Анастасовска, Билјана Каракашова Шулев, Љубица Караманди Попчевски, Владимир Клековски, Благојче Крстаноски, Кирил Ковчегарски, Борис Кондарко, Киро Костов, Бодан Лазаревски, Оливер Лукароски, Стојна Мавревска, Маја Малахова, Насер Мемети, Татјана Митевска, Татјана Михајлова, Весна Младеновска, Мехди Мустафа, Маријан Поњавиќ, Цвета Ристовска, Енвер Саитоски, Сали Сали, Софија Спасова Медарска, Трајко Спасовски, Борче Стојановски, Накил Фетаи, Кимо Чавдар, Магдалена Чижбаноска Вангелов, Адем Чучуљ и Бесник Џемаиљи.

На прашањата на членовите на Комисијата за селекција, пратениците и претставниците од невладиниот сектор одговараа Кариман Авзији кој работи како раководител на сектор во Судскиот совет, судијката во Кривичниот суд Славица Андреевска, раководителот на сектор во Државниот завод за ревизија Зоран Богоевски, координаторот за јавни набавки во Акционерското друштво за стопанисување со јавен и деловен простор, Оливер Вузај, новинарот и колумнистот и поранешен член на Комисијата за лустрација Даут Даути. 

Судијката Андреевска истакна дека разликата помеѓу двете институции Кривичен судија и ДКСК е тоа што како судија кривичар се занимава со извршувањето санкции, а Антикорупција се занимава со иницирање на постапка пред судските органи.

-Сега сум судија за извршување санкции. Сега веќе епилогот го имам. Од сите пресуди, завршницата и извршувањето ако не можеме да го извршиме, сето претходно паѓа во вода. Од еден аспект од судска постапка, пресуда, завршница веќе го поминувам како судија. А, тука во ДКСК е  иницирање на постапка како член на ДКСК. Досега не сум имала таква можност. Иницирањето, согледувањето, поднесување иницијатива како пред Обвинителството и пред сите други надлежни органи, заради поведување и повикување на одредена одговорност или кривична одговорност. Во тоа ја гледам разликата, рече Андреевска.

Зоран Богоевски, вработен во Државниот завод за ревизија од 2004 година раководител на Секторот за ревизија на политичкиет партии, на ДКСК, ДИК, Агенцијата за аудиовизуелни имедиумски услуги и следење на изборниот процес во своето излагање истакна дека неговата визија како член на ДКСК е да придонесе за успешно реализирани предмети почитувајќи ги надлежностите на Јавното обвинителство, МВР, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција, ДЗР и останатите надлежни институции.

-Во текот на моето работно искуство во ДЗР сум бил вклучен во извршување на повеќе од 150 ревизии на разни субјекти од јавниот сектор, меѓу кои како поинтересни за јавноста би ги издвоил Собранието, Претседателот на Република Северна Македонија, Владата, МВР, ЈО, Фондовите, СЈО, политички партии, разни учесници во изборна кампања итн. За сите овие ревизии сум учествувал во нивното планирање, извршување и известување, односно пишување на ревизорски извештаи со утрвдени неправилности и издавање на соодветни препораки за намдинување на истите. Сертифициран сум со меѓународен серитификат за управување со корупција од овластениот институт. Особено ќе се ангажирам во случаите кога е утврдено постоење на добро познатите појави монопол, дискрециони овластувања и намалена транспаренстност, рече Богоевски.

Комисијата за селекција на кандидатите беше формирана на 14 месецов согласно Одлуката на Собранието за објавување јавен оглас за избор на претседател и членови на ДКСК. Членови на Комисијата за селекција се Јован Андоновски, заменик народен правобранител номиниран од Народниот правобранител, Снежана Камилоска Трпкоска претставник на Македонски центар за меѓународна соработка Скопје, член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од областа на демократијата и владеењето на правото, Никола Додов претставник на Здружението за поттикнување и промоција на информатиката Асоцијација на студенти информатичари Скопје, член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа медиуми и информатичко општество и пратениците од власта Фаница Николовска и Берат Ајдари и од опозицијата Ели Панова и Кастриот Реџепи.

Мандатот на актуелните членови на Комисијата Билјана Ивановска, Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемси Салаи истекува на 7 февруари следната година и тие немаат право на повторен избор. Новата комисија треба да почне да функционира  на 8 февруари 2024 година.

За претседател на ДКСК може да се избере лице кое е државјанин на Северна Македонија и кое живее во земјата, да е деловно способна личност, да има високо образование од областа на правните науки или од областа на политичките, комуниколошките или економските науки. Покрај високото образование, се бара и најмалку десетгодишно работно искуство по завршувањето на образованието. Притоа осум години од работното искуство да биде во областите на откривање или спречување на корупцијата, владеење на правото или доброто управување.

Кандидатите за членови треба да имаат шест години активност во областите поврзани со откривање корупција. И претседателот и членовите на ДКСК не треба да биле членови на Собрание, ниту во Влада, ниту пак донатори или функционери во политичка партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реакции за казната на Крмов: Во парламентот…

Македонската јавност со многу коментари го дочека…

Левица: Деловникот на СДС-ДПМНЕ-ДУИ ја озаконува неуставната…

Крајно штетниот Деловник, кој го изгласа здружената…

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Столтенберг: Тука ги јадев моите први полнети…

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска…

КОМЕДИЈА! Мастика заглавена во уредот за отчукување…

Настаните во Собранието стануваат потензични но и…