По винa на влaста нa пpинyден одмоp од eнергетските компании ќе одат колу 2000 лица

t

Околу 700 вработени ќе одат дома од Осломеј, околу 1000 од РЕК Битола, ама и 300 лица од административни служби на АД ЕСМ. Оттука во следниот период можеме да дојдеме до заклучок дека 2000 лица ќе одат на принуден одмор. За сето ова винова е власта, рече Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисјата Топ тема што се емитува на телевизија Телма.

Според него сето ова е поради непланско работење на надлежните, како и воопшто на власта.

„Ако разговарате со стручни лица од рудниците ќе ви кажат дека пред 7-8 години ископ на јаглен се правел од пролетта, и јагленот со доволен ископ можеше на време да се смести во РЕК Битола и да има континуирано прозводство на струја“, рече Антовски.

Тој рече дека има сознанија за несоодветни постапки во РЕК Битола.

„Во рудникот на РЕК Битола имам информации дека се вршени неструни ископувања поради што има нарушување на техничката мапа на ископ на јагленот. Дополнително сите сме сведоци дека при поројни дожови се потопува главната механизација за ископ на јаглен и имаше застој во ископот“, кажа Антовски.

Зошто намерно не се вршел ископ, рече Антовски, не знам и не сакам да навлегувам во политиките на Владата.

„Кога енергетска криза тропа на вратата треба да се има една општествена одговорност и да средуваат работите. Сето тоа не се случи и имаше едно нестручно работење во РЕК Битола“, укажа Антовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…

Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…

Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…