По дискусијата за македонските учебници, мешовитата историска комисија ќе одмара до септември

t

Во конструктивна атмосфера поминала 19-тата средба на заедничката мултидисциплинарна експертска Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, што вчера и денеска се одржа во Софија.

Како што соопшти македонскиот тим во Заедничката комисија, членовите на Комисијата водеа дискусија на која беа разменети неколку предлог идеи за препораки за учебниците од основното образование, кои се однесуваат на средновековниот и раноосманлискиот период.

На средбата беа усогласени и потпишани записници од претходните средби. Со заемен договор на двајцата копретседатели на Комисијата, договорено е наредната средба на Комисијата да се одржи во средината на септември 2022 година, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ