По препораката на Владата да се готви во малo тенџерe: Маричиќ се закани со оставка!

t

Иљче од “Кооперација” во најновиот сатиричен текст пишува дека вицепремиерот Маричиќ се закани со оставка поради препораките на Владата да се готви во мало тенџере.

Го пренесуваме текстот во целост:

Сетот мерки за заштеда на електрична енергија што денес го презентираа министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, предизвика раздор во Владата и ги раскара владините функционери.

Имено, како што дознаваме од извори блиски до готвачот во Влада, на предлогот да се готви во мали тенџериња бурно реагирал вицепремиерот Бојан Маричиќ и во знак на револт се затворил во својата канцеларија со закана дека доколку тоа се спроведе, тој ќе ја напушти функцијата вицепремиер за европски прашања и ќе ги земе одговорите со себе.

Според нашиот извор, во овој момент се’ уште траат преговорите помеѓу вицепремирот и неговите колеги, кои како што дознаваме се отежнати затоа што господинот Маричиќ денес ручал само два пати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По препораката на Владата да се готви…

Иљче од "Кооперација" во најновиот сатиричен текст…

По протокол: На 11 Октомври во Прилеп…

Протоколот кој произлезе од францускиот предлог само неколку…

Урнебесно: Маричиќ ќе ја тужи државава оти…

Наглото покачување на холестеролот т.е. триглицеридите во…

Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Иљче: Час по економија со Битиќи –…

Вицепремиерот Фатмир Битиќи кој пред два дена…