По Црна Гора: Евакуирани над 20 училишта во Белград поради дојави за бомби

Дваесетина средни училишта и гимназии во Белград добија циркуларна електронска пошта за подметната бомба. Учениците и професорите веднаш се евакуирани, а известени се Министерството за внатрешни работи и Безбедносно-информативната агенција (БИА).
– Слична ситуација се случи пред неколку дена во соседна Црна Гора. Нашата полиција прво ќе ги испита заканите, а децата и вработените нема да бидат вратени во училниците додека полицијата не потврди дека е безбедно, што е приоритет, изјави првиот вицепремиер и министер за образование Бранко Ружиќ.
– Влезе професорот по физика, само ни рече: „Имаме бомба во училиштето, мора да излеземе“. Сите сме одлично, се наоѓаме пред училиштето, само професорите се во паника. Мислат дека е сериозно, изјави за „Блиц“ еден ученик од Земунската гимназија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Битиќи за ТВ Стар: Во 2023 ќе…
Тековната 2023 година ќе ја преполовиме инфлацијата,…
Општина Карпош ќе доделува субвенции за купување…
Со вкупен фонд од 700.000 денари кои…
Шефот на „Вагнер“ ја предупредува Москва: „Почнува…
Евгениј Пригожин го предупреди рускиот министер за…
ИМ СОБРАЛЕ ПАРИ ВЕТУВАЈЌИ ИМ ГЕРМАНСКИ ВИЗИ:…
Двете се задржани во Полициската станица Гостивар…
Ќерката на еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ…
Пишува Мери Горгиевска (Посветено на осумте индивидуи…