По 24 часовна битка за неговиот живот – Почина Душко Чифлиганец

t

Душко Чифлиганец ја загуби битката за својот живот откако настрада во фатална сообраќајна незгода на мотоциклистичка трка во Брно во Чешка.

Душко Чифлиганец е син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, а веќе полго време работи и е дел од раководните структури семејната компанија „Адора“.

Иако со хеликоптер од Брно бил префрлен во главниот дел на Прага и лекарите сториле се за да го спасат неговиот живот по 24 часа тој сепак им подлегнал на повредите.

Во несреќата која се случила вчера на официјална мотоциклистичка трка околу 16 частот тој се здобил со сериозни повреди на неговата глава.

Поради оштетувањата на мозокот тој бил во кома и приклучен на апарати, а уште во текот на вчерашниот ден неговото семејство заминало за Прага каде со лекарскиот тим ги разгледало сите можни опции за спас на неговиот живот.

Тој подолг период живее во Дубаи, а позната е неговата љубов кон спортскиот моторциклизам за што има добиено поголем број на престижни награди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета: Меркел е посоодветна од Мерц за…

Речиси половина од Германците веруваат дека поранешната…

ФБИ уапси жена во Калифорнија под сомнение…

Американските власти во неделата уапсија жена од…

Канада разгледува сценарио за американска инвазија: Карни…

Канада разработува сценарија за можен американски воен…

Белата куќа го следи сомнежот за чума…

Белата куќа ги следи извештаите за можен…

18+ видеа од познати жени објавени во…

Албанската полиција истражува скандал поврзан со интимни…