Правата на Бугарите први на листата за разговор: Средба на експерти од македонското и бугарското МНР денес во Скопје

t

Продолжува интензивниот дијалог меѓу работните групи на Бугарија и Македонија за што се договорија премиерите на двете земји Кирил Петков и Димитар Ковачевски – пренесуваат бугарските медиуми.

Втората средба на експерти од двете министерства за надворешни работи ќе се одржи во Скопје на 20 февруари. Се очекува делегациите да добијат нови политички инструкции врз основа на разговорите одржани на 11 февруари, во кои двете страни детално ги изнесоа своите позиции.

Двете страни ги идентификуваа приоритетните прашања што треба да се решат. За официјална Софија тоа се правата на Бугарите во Македонија, а за Скопје – прашањата за идентитетот во преговарачката рамка како европско решение.

Паралелно со експертските разговори за пакетот политички прашања, со новата динамика во преговорите со Бугарија, средба на четвртата работна група – за образование и култура и третата работна група – за евроинтеграции, зелена агенда и дигитализација ќе биде одржано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…

Двајца државјани на Македонија се приведени на…