Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како дел од Реформската агенда и по препораките на ЕУ и ОДИХР!

t

Со новите измени на кривичниот законик ќе се поправат претходните измени со кои се намали рокот на застареност и казните за злоупотреба на службената положба и овластување, а кои наидоа на остри реакции од јавноста.

Ова на брифинг со новинарите денеска го соопшти министерот за правда, Игор Филков.

Во Кривичен законик ќе се воведуваат нови кривични дела во врска со технологијата, фемицид и семејното насилство ќе може да се гони по службена должност.

Во министерството се изготвени, дел од нив веќе се поднесени до Владата, над триесетина закони.

Меѓу законите се и

1. Закон за платите на судиите

2. Закон за платите на јавните обвинители

3. Закон за платите на членовите на Судскиот совет

4. Закон за платите на членовите на Советот на јавните обвинители

Предлог законите се доставени до Владата по скратена постапка, се уредуваат коефициентите во согласност со стандардите на ЕУ и реформската агенда.

На прашање на Инфомакс што ќе се случи доколку Министерството за финансии ги закочи овие закони, бидејќи од МФ веќе се прават проблеми во работата на повеќе институции, со одобрување за работни места и слично, Филков одговори дека тоа не зависи од Правда.

– Министерството за правда има вкупно 195 работни места, капацитетот е паднат на нешто помалку од 90 вработени. Одобрувања за вработувања добивме пред нецели два месеци, тоа е кондицијата на Буџетот и тоа сите го знаеме. Важно ни е до јуни да бидат законите во собраниска процедура, истакна Филков.

-Се предлагаат и измени на Законот за судски совет кој е доставен за мислење до Венецијанската комисија. Со измените се унапредуваат постапките за именување и разрешување на претседателот на Судскиот совет, прецизирање на условите за кандидатите за членови на Судскиот совет, допрезицирање на поимот истакнат правник каде се прецизира работно искуство од 15 години, две препораки од докажани практичари и правници.

За сите предлог-законски решенија се направени јавни дебати, консултации со стручната јавност и невладиниот сектор.

Се работи на спроведување на насоките на Оценската мисија.

Се менуваат и Законот за судска служба и Законот за јавнообвинителска служба каде се уредува независноста на судската служба и судските службеници, како и уредувањето на платите и надоместоците.

Во врска со измените на Изборниот законик министерот нагласи дека ова е единствениот закон каде не е формирана работна група, се имплементираат комплетно сите препораки кои се добиени од ОДИХР. Со ОДИХР е разговарано, доставен е предлог текст и се чека одговор од ОДИХР. Се ограничува и финансирањето на политичките партии, можностите и сумите за донација на политичка партија, се ограничува донирањето во натура, дополнително се разгледува и дали ќе се укине државното финансирање на партиите, односно укинување на парите кои партиите ги добиваат од Буџетот на РМ, конкретно во предизборниот период.

Се предлагаат и измени на Закон за јавно обвинителство, Закон за совет на јавни обвинители, Закон за судски буџет (каде се определува 0.8% од Буџетот на РМ) и Закон за кривична постапка.

Измени има и во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, каде се кратат роковите на имателите на информации за одговор на барањата. Во Законот за спречување на корупција и судир на интереси се доуредуваат определени термини, а во Законот за помилување детално се разработува постапката за помилување, дополнително се предвидува можност за укинување на аболицијата, како и можност за аболиција само за правосилна пресуда.

Во Законот за вештачење ќе биде строго утврдено кој ќе може да стане вештак, се разграничува магистер од доктор и се допрецизираат термини.

Во наредниот период ќе се работи на Закон за медијација, Закон за извршување, Закон за нотаријат, Закон за управување со движењето на предметите во судовите, Закон за спонзорства и донации и Закон за здруженија и фондации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…

Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…

Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…

Ковачев: Мицкоски манипулира, во извештајот на ЕУ…

„Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен…

Бугарскиот МНР: Австрија нема да го смени…

Бугарскиот министер за надворешни работи лично разговараше…