Правда се правда: “Негативно мислење” било погрешна формулација и сега е корегирана

t

Во врска со измените на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и реакциите поврзани со формулацијата „негативно мислење”, Министерството за правда информира дека пропустот во формулација се надминува и членот 6 став 1 би гласел: „За навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг со утврден или очевиден идентитет омаловажувачко или понижувачко мислење, со кое се повредува неговата чест и углед.”.

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА
Од Законот за навреда и клевета се исфрла формулацијата „негативно мислење“
Во врска со измените на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и реакциите поврзани со формулацијата „негативно мислење”, Министерството за правда информира дека пропустот во формулација се надминува и членот 6 став 1 би гласел:


„За навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг со утврден или очевиден идентитет омаловажувачко или понижувачко мислење, со кое се повредува неговата чест и углед.”.

Интенцијата на работната група со ваквата формулација била во насока дека негативното мислење се однесува на нарушувањето на чест и углед во контекст на омаловажувачкото и понижувачко мислење, а не надвор од тоа. На законот работеше работна група во чии состав имаше членови од сите засегнати страни, вклучувајќи ги претставниците на новинарските здруженија и синдикати, судии, универзитетски професори и не може да се става сомнеж околу компетентноста на истата, се вели во соопштението од МП.

При формирањето на одредбите на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, од МП посочуваат дека земени предвид биле критиките во повеќе оценски мисии и извештаи, особено во делот на овозможување на целта на законот да не се ограничи слободата на изразување со предвидените износи за надомест на штета и да се овозможи почитување на членот 10 од ЕКЧП и Уставот на РСМ.

Од овие причини, од страна на ангажиран експерт од УНОПС беше подготвена детална Анализа на досегашната примена на законот во нашиот правен систем, во која компаративно беа изнесени и искуства на другите земји. Работната група за подготовка на законот ги разгледа отворените прашања и подготви предлог решенија кои беа објавени на ЕНЕР, а добиените мислења од стручната и академска јавност беа инкорпорирани во овој Предлог текст на законот, стои во соопштението од МП.

Од Министерството за правда информираат дека покрај во членот 6 став 1, ќе се интервенира и во членот 7 и 11 поради номотехничко подобрување на текстот, но и дека Министерството останува отворенo и доколку има и други предлози за подобрување на текстот, ќе ги земе предвид.

Измените и дополнувањата во Предлог – Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета го прават овој закон еден од најлибералните во Европа, во насока на гарантирањето на слободата на изразување. Клучниот аспект е драстичното намалување на висината на справедлив паричен надоместок за нематеријална штета предизвикана со навреда или клевета. На овој начин се овозможува правото на слобода на изразување како едно од темелните човекови права особено значајно за постоење на демократско општество кое ја тестира слободата, толеранцијата и плурализмот, се вели во соопштението од МП.

Главните измени кои се воведени со овој предлог текст на законот се следниве:

Одредувањето на поимите на одговорност за навреда и клевета (член 6 и член 8) при што се надминаа предизвиците за опсегот на лица кои имаат активна легитимација пред судот (новинар, авторот, уредникот или лицето кое го заменува и правното лице како издавач. Ако средството за информирање нема уредник или лице кое го заменува одговара физичкото лице или правното лице сопственик на средството за информирање.)

Се воведува широк термин (поим) „средства за информирање на кои се објавуваат содржини на начин достапен за јавноста” што овозможува доволна ширина за слобода на јавен говор без детално набројување на сите видови на средства (бидејќи е невозможно и не треба да се набројат согласно насоките од ЕСЧП), што истовремено дава можност за балансирање ако некој со намера да наштети на честа и угледот, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негативно мислење да може да одговара.

Со предлог законот, се вели во соопштението од МП, не се врши регулирање на медиумите и затоа мора веднаш да се разграничи дека тоа е регулирано согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Оваа дефиниција (средства за информирање на кои се објавуваат содржини на начин достапен за јавноста) е поширока и опфаќа заштита на секое лице од можноста да биде навредено и/или клеветено во јавност и во средства за информирање согласно воведениот поим од овој закон. Ако средството што ја пренесува изјавата или содржината е платформа за агрегација на медиуми се исклучува одговорноста, освен во случај кога платформата е формирана со цел за злоупотреба на слободата на информирање, спротивно на законите во областа на јавното информирање, се вели во соопштенито од МП.

Од Министерството за правда, исто така, посочуваат дека:

Пред поднесување на тужба за надоместување на штетата, се воведува право да бара извинување и јавно повлекување на изјавата или содржината за физичкото или правното лице на кое му е причинета штета со навреда или клевета и да презема мерки за ублажување на штетните последици, како и право на реагирање, демант, одговор и исправка.

Оштетениот има право на надоместување на нематеријална и материјална штета предизвикана со навреда или клевета, согласно закон. Судот при определувањето на висината на надоместокот на справедливиот паричен надоместок на нематеријална штета во смисла на овој закон ќе ги има предвид одредбите од Законот за облигациските односи.

Се изврши значајно намалување на висината на справедлив паричен надоместок за нематеријална штета предизвикана со навреда или клевета: износ не поголем од 400 евра за новинар во вршење на новинарска професија (во постојниот закон е 2000 евра); износ не поголем од 2000 евра за уредник или лицето кое го заменува (во постојниот закон е 10.000 евра) и износ не поголем од 5000 евра за правно лице (во постојниот закон е 15.000 евра), се вели во соопштението од МП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пораката која го преплави фејсбук: Политички…

Мастро Дурловски со активизам за праведна држва…

Недела – неработен ден: Државниот инспекторат за…

ржавниот инспекторат за труд (ДИТ) најави дека…