Првиот синдикалец на ЈСП призна: Платите доцнеле само неколку дена – СДСМ бара одговорност од управните и надзорните одбори на ВМРО-ДПМНЕ

t

Миќо Стојановски претседател на синдикат на ЈСП при ССМ во емисијата 24 анализа, призна дека платите во ЈСП доцнеле само 3-4 дена но дека тие морале да реагираат.

– Вчера на седницата на Град Скопје од спикерот на градското собрание, не добив право на збор и затоа излеговме на прес пред новинарите. Беше прекината седницата и не ни дозволија да го кажеме тоа што не мачи. Ова што се договори денеска, можеше да се договори и вчера на седницата. Факт е дека платите доцнеле и повеќе од пет дена кога немаше инфлаторни движења. Сакавме да се осигураме како вработени дека барем овие три месеци од 2002 година ќе ги поминеме со целосни плати. – рече Стојановски.

Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева потоа истакна дека одговорност треба да се бара и од управните и надзорните одбори, кои се кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанчева додаде дека ВМРО-ДПМНЕ останува “стара и нерформирана партија”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се…

ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство…

СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…

СДСМ се огласи по повод изјавата на…

Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…

ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…