Првиот синдикалец на ЈСП призна: Платите доцнеле само неколку дена – СДСМ бара одговорност од управните и надзорните одбори на ВМРО-ДПМНЕ
Миќо Стојановски претседател на синдикат на ЈСП при ССМ во емисијата 24 анализа, призна дека платите во ЈСП доцнеле само 3-4 дена но дека тие морале да реагираат.
– Вчера на седницата на Град Скопје од спикерот на градското собрание, не добив право на збор и затоа излеговме на прес пред новинарите. Беше прекината седницата и не ни дозволија да го кажеме тоа што не мачи. Ова што се договори денеска, можеше да се договори и вчера на седницата. Факт е дека платите доцнеле и повеќе од пет дена кога немаше инфлаторни движења. Сакавме да се осигураме како вработени дека барем овие три месеци од 2002 година ќе ги поминеме со целосни плати. – рече Стојановски.
Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева потоа истакна дека одговорност треба да се бара и од управните и надзорните одбори, кои се кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Јанчева додаде дека ВМРО-ДПМНЕ останува “стара и нерформирана партија”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петров: Изборот на Филипче за претседател на…
Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…
Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите…
Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…