Објавено на:

Првоодделенец намерно си ја застрелал учителката

t

Шестгодишно момче е приведено откако намерно ја застрелало својата учителка во американската сојузна држава Вирџинија. Инцидентот се случил во петокот во основно училиште во градот Њупорт Њуз.

Учителката на околу 30 годишна возраст е во животозагрозувачка состојба. Таа е префрлена во локална болница и лекарите внимателно ја следат

Според шефот на полицијата Стив Дру „нејасно е како момчето дошло до пиштолот“, но и дека „инцидентот не се води како случајно пукање“.

Пукањето се случило во училницата за прво одделение по расправија меѓу наставничката и момчето.

Надлежните рекоа дека иако училиштето, во кое има околу 550 ученици, има детектори за метал, учениците биле проверувани по случаен избор и не било прегледано секое дете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Обвинение за 34 физички и три правни…

„На здравје за молкот“

Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…