Прво официјално соопштение на Десна: Не дозволиво е Македонците да го финансираат функционирањето на системот, а албанските политички партии да спроведуваат политика на Албанија

t

Соопштение на политичката партија Десна

Со мешање во внатрешните работи на Македонија Албанските политички партии отворено го рушат интегритетот на Република Македонија со своето политичко делување, а системот на државата продолжува со толеранција на таквото однесување.

Не дозволиво е Македонците да го финансираат функционирањето на системот со плаќање на даноци, а Албанските политички партии да спроведуваат политика на соседна држава со име Албанија.

Толеранцијата на таквата политичка пракса во Република Македоника, во овој случај значи одобрување и доброволно откажување од и онака малиот, скоро не постоечки интегритет на оваа држава.

СДСМ и ДПМНЕ како партии кои се дел од СИСТЕМОТ во смисол на пратеници, министри и градоначалници се должни да го ОСУДАТ оваквото однесување на Албанските партии, а Претседателот на државата Стево Пендаровски е должен веднаш да организира СОВЕТ за БЕЗБЕДНОСТ, каде ќе се одговори и реагира на ваквото брутално мешање во внатрешните работи на Македонија.

ДЕСНА како политичка партија, смета дека коалицирањето со Албанските партии не е никаде дефинирано како законска или уставна обврска, а времето е дојдено да им се покаже на Албанските партии дека треба да научат опозициски да дејствуваат.
Доколку не се престане со составување на ВЛАДИ со некакви Албански уцени дека немало да ја има Македонија, тоа значи дека Македонија не фунционира според принципите на Парламентарната демократија, дека не е Република туку БиНАЦИОНАЛНА држава.
Ова е круцијалниот политички проблем кој трае 30 години и треба да престане.

Во спротивно, доколку и овој пат се ова околу новата ТИРАНСКА платформа која сеуште не е соопштена, туку се објави само една уценувачка, АнтиМакедонска изјава на Али Ахмети како претседател на ДУИ, ќе значи дека Македонија ќе продолжи да еродира како држава, токму од внатре, од сопствениот систем кој е перфориран од сите соседни држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…

Ова се најбогатите држави во светот, а…

БДП по глава на жител е груба…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Жена од Липково ја удрило струја додека…