Средба Муцунски – Агелер

t

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер на кој меѓу другото беше претставен и новоименуваниот заменик шеф на мисијата во Скопје, г-ѓа Никол Варн.

Во рамки на средбата министерот Муцунски ја повтори благодарноста за долгорочната поддршка од страна на Соединетите Американски Држави за севкупните реформски процеси во земјата. Заемно беше потврден интересот за одржување на континуитет во политичкиот дијалог помеѓу двете пријателски земји, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и партнерската соработка во рамки на НАТО Алијансата.

При тоа, беше реафирмиран силниот фокус на новата Влада кон забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување на реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на владеењето на правото, како и борбата со корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…