Прв тест за двотретинско мнозинство на Мицкоски:Законот за реорганизација на Владата пред пратениците до крајот на неделата

t

На власта ѝ се брза законот да биде донесен пред да се формира новата влада предводена од Христијан Мицкоски и се надева дека ќе обезбеди двотретинско мнозинство. Опозициските СДСМ и Европскиот фронт прво сакаат да го видат законското решение, бидејќи, како што велат, на невидено нема поддршка за трансформација на владините ресори

Законот за реорганизација на Владата, односно укинување, прераспределба и формирање нови министерства, ќе биде доставен до Собранието до крајот на неделава, најави пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ по првата координација кај новиот претседател на Собранието Африм Гаши. На власта ѝ се брза законот да биде донесен пред да се формира новата влада предводена од Христијан Мицкоски и се надева дека ќе обезбеди двотретинско мнозинство. Опозициските СДСМ и Европскиот фронт прво сакаат да го видат законското решение.

За да го забрза процесот за носење на законот, власта уште утре може да предложи прво да се формираат Законодавно-правната комисија и Kомисијата за политички систем што се неопходни за предлог-законот за Владата, а подоцна да се оформат и другите комисии, работни тела и делегации. Истиот ден се очекува да се верифицираат мандатите на уште двајца пратеници, кои поради прегласувањето не беа верифицирани со преостанатите 118 колеги од Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Африм Гаши ја наруши секулраноста на државата,…

На верските обреди не им е местото…

Доброволно служење воен рок одамна постои, Силјановска…

Силјановска Давкова демонстрира целосно непознавање на областите…

(Видео) Петровска: Дали за помошник министер во…

Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка…

СДСМ: Зошто Мицкоски ја крие средбата со…

Поминаа 14 часа откако бугарскиот премиер Главчев на долго…

СДСМ: Пу пу не важи, Договорот со…

Пу пу не важи, Договорот со Бехтел…