Прв тест за двотретинско мнозинство на Мицкоски:Законот за реорганизација на Владата пред пратениците до крајот на неделата

t

На власта ѝ се брза законот да биде донесен пред да се формира новата влада предводена од Христијан Мицкоски и се надева дека ќе обезбеди двотретинско мнозинство. Опозициските СДСМ и Европскиот фронт прво сакаат да го видат законското решение, бидејќи, како што велат, на невидено нема поддршка за трансформација на владините ресори

Законот за реорганизација на Владата, односно укинување, прераспределба и формирање нови министерства, ќе биде доставен до Собранието до крајот на неделава, најави пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ по првата координација кај новиот претседател на Собранието Африм Гаши. На власта ѝ се брза законот да биде донесен пред да се формира новата влада предводена од Христијан Мицкоски и се надева дека ќе обезбеди двотретинско мнозинство. Опозициските СДСМ и Европскиот фронт прво сакаат да го видат законското решение.

За да го забрза процесот за носење на законот, власта уште утре може да предложи прво да се формираат Законодавно-правната комисија и Kомисијата за политички систем што се неопходни за предлог-законот за Владата, а подоцна да се оформат и другите комисии, работни тела и делегации. Истиот ден се очекува да се верифицираат мандатите на уште двајца пратеници, кои поради прегласувањето не беа верифицирани со преостанатите 118 колеги од Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…

Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…

Петров: Изборот на Филипче за претседател на…

Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…