Превенција или трупање на казни? МВР со санкции за непрописно вградени фолии на возилата

t

Во периодот од 14.02.2022 до 20.02.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

При контролата санкционирани се 24 учесници во сообраќајот, од кои 23 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и една санкција за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вработени во ЕВН со хебла кршат…

До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од…

МВР воведува брзи тестови за дрога, еден…

Кокаин, амфетамин, метамфетамин, опијати (морфин, хероин), екстази…

МВР: Лишени од слобода 22 возачи за…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Живеат во страв за својот живот, маж…

Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…

Полицаец пукал со огнено оружје на семејна…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…