Прекумерно се испушта вода од ХЕЦ Матка, Вардар се излева во Скопје

Поради сериозниот недостиг на електрична енергија, Владата на Република Македонија донесе одлука за зголемено производство на електрична енергија, поради што дојде до зголемен испуст на вода од ХЕЦ Матка во текот на денот од 08 часот наутро до 24 часот навечер.
Како резултат на тоа навечер паѓа нивото на водата, додека преку ден нивото повторно се крева.
Исто така, со оглед на најавите за врнежи од дожд и снег, се очекува дополнително зголемување на нивото на водата, како и опасност од повторноо излевање.
Вардар се излеа од своето корито во населбата Аеродром, во близина на хотелот Русија во непосредна близина на мостот кој започна да го гради Петре Шилегов, а поради нерешени имотно-правни односи неговата изградба е запрена.
Како причина за излевањето на Вардар токму на ова место од Центарот за управување со кризи го наведуваат токму реконфигурирњето на речното корито во овој дел на реката поради градежните работи кои го блокираат нормалниот тек на водата.
Со цел да се заштити населението и да се избегнат несреќи, потребно е да се забрани движењето во долниот дел од коритотот на кејот на реката Вардар, посебно од ПИОМ до АСНОМ, а на граѓаните да им биде дозволено да се движат исклучиво по патеката на горниот насип, велат од Центарот за управување со кризи
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инвеститорот што ја пропадна улицата зад Универзална…
Инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ ќе добие фактура за…
Вардар се излеа кај Зелениково: Доколку има…
Регионалниот Центар за управување со кризи- Скопје,…
(Фото) Продолжува реконструкција на зеленилото по кејот…
Продолжува обновувањето на зеленилото низ Скопје и…
Најнова вест: Извадено телото на жената која…
Денеска специјалците од полициската единица Тигри во…
Уште не е пронајдено телото на 55-годишната…
Телото на 55-годишната жена од велешкото село…