Прекумерно се испушта вода од ХЕЦ Матка, Вардар се излева во Скопје

t

Поради сериозниот недостиг на електрична енергија, Владата на Република Македонија донесе одлука за зголемено производство на електрична енергија, поради што дојде до зголемен испуст на вода од ХЕЦ Матка во текот на денот од 08 часот наутро до 24 часот навечер.

Како резултат на тоа навечер паѓа нивото на водата, додека преку ден нивото повторно се крева.

Исто така, со оглед на најавите за врнежи од дожд и снег, се очекува дополнително зголемување на нивото на водата, како и опасност од повторноо излевање.

Вардар се излеа од своето корито во населбата Аеродром, во близина на хотелот Русија во непосредна близина на мостот кој започна да го гради Петре Шилегов, а поради нерешени имотно-правни односи неговата изградба е запрена.

Како причина за излевањето на Вардар токму на ова место од Центарот за управување со кризи го наведуваат токму реконфигурирњето на речното корито во овој дел на реката поради градежните работи кои го блокираат нормалниот тек на водата.

Со цел да се заштити населението и да се избегнат несреќи, потребно е да се забрани движењето во долниот дел од коритотот на кејот на реката Вардар, посебно од ПИОМ до АСНОМ, а на граѓаните да им биде дозволено да се движат исклучиво по патеката на горниот насип, велат од Центарот за управување со кризи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејно насилство во Центар: 67-годишната мајка ја…

Денеска во 02.40 часот во СВР Скопје,…

Град Скопје започна со реконструкција на пешачкиот…

Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот…

Како „Балистите“ го гаѓаа голманот на Вардар…

Не стивнуваат реакции од мечот Шкендија-Вардар. Во…

Малолетни разбојници приведени во Центар – ограбиле…

На 28.02.2024 во 14.00 часот на подрачјето…

35 годишна жена нападната среде Центар од…

Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје,…