Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка и пиперки се столчени од градот во Долнени и околината

t

Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно со тутун, но и со сончоглед, пченка и пиперки, се уништени вчера во силното невреме со град кое го зафати Прилепско, правејќи најголема штета во Долнени и околните села, објави ТВ „Алфа“.

Градот со големина на орев и силниот ветер на некои места го уништиле целиот род. Земјоделците, од кои повеќето не се осигурани, стравуваат дека приносите значително ќе им бидат намалени, што ќе им донесе голема финансиска штета.

„Состојбата е катастрофална. Значи, сега само што пристигнав од терен. Бев во посета на атарите на Дебреште, Ропотово, Заполжани, Лажани, Новоселани, а најкатастрофално е во Новоселани и Заполжани… Има тутуни кај што се оштетени 100%, значи не можат да влезат. Од градот има поплавени површини, полегнато тутуни, така што навистина е загрижувачка состојбата таму од невремето вчера“, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Поради сè почестите катастрофални невремиња, од Сојузот велат дека ќе бараат итно да се врати можноста при склучувањето договори за откуп да се склучуваат и осигурителни договори.

Вчерашното невреме предизвика значителна штета и во прилепските села Мало и Големо Коњари, велат од Сојузот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…

Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…

УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…

Под влијание на циклонска активност времето утре…

(Видео) Невреме во Задар, автомобил падна во…

Силно невреме утрово го погоди хрватскиот град…

Невреме во западна Србија, издадено предупредување за…

Невреме со силен дожд, грмежи и локално…

Попладнево и утре ќе има невреме во…

Македонија во четврток ќе остане под влијание…