Преку 400 тепачки во Тетово за 2021: Имало и навредување и омаловажување на овластени службени лица

Во 2021 година тетовската полиција бележи 289 нарушувања на јавниот ред и мир на градот и околните рурални општини, што претставува зголемување на бројот во според со 2020 година кога имало 271 такви случаи.
Во 289 нарушувања на јавен ред и мир биле инволвирани 422 сторители, бележи одделот за аналитика при СВР Тетово.
– Најголемиот број од нарушувањата, односно прекршоците се целосно расчистени со изготвување на 319 барања за поведување на прекршочна постапка. Повеќе од половината од прекршоците се случиле во град, со поединечно учество на сторителите а далеку помалку со учество на две, три и повеќе лица. Меѓу сторителите најбројни се машките лица претежно на возраст над 25 години, а евидентирани се и сторители-малолетници, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Меѓу прекршоците по вид и карактер повторно најзастапени се физичките напади со вкупна бројка од 126, потоа 29 тепачки, 25 навредување и омаловажување на овластени службени лица 25.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…
Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Насилник од Тетово му се заканувал на…
43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…
Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…
На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…