Објавено на:

Премиерите на Црна Гора и Албанија едногласни: Сведоци сме за пеколното воено уништување

t

Премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан Абазовиќ и Еди Рама, пристигнаа во Киев, каде отпатуваа на покана на украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Абазовиќ и Рама се првите лидери на земјите од Западен Балкан кои официјално ја посетија Украина, која се соочува со воена агресија на Руската Федерација која трае повеќе од три месеци.

Во својата прва објава на Твитер, премиерот Абазовиќ рече дека е во Украина за да ги поддржи нејзините граѓани во одбраната на нивното право на слобода.

„Црна Гора ќе продолжи да ѝ помага на Украина во ова тешко време и хуманитарна катастрофа“, напиша Абазовиќ на Твитер.

Абазовиќ изјави дека тој и премиерот Рама ја посетиле Бороѓанка веднаш по нивното пристигнување.

„Град кој беше уништен на почетокот на инвазијата. Сведоци сме на пеколното воено уништување. Заедно со премиерот Рама се молиме за мир и цврсто стоиме со граѓаните на Украина“, навел црногорскиот премиер.

Премиерите потоа го посетија Ирпин, каде, како што наведе Абазовиќ на својот Твитер профил, уништени се 1.100 домаќинства.

„Граѓаните претежно ги напуштија своите домови, инфраструктурата е уништена… Сочувствуваме со Украина за бројните загуби на животи и страдањата низ кои поминуваат со месеци“, рече премиерот Абазовиќ.

Абазовиќ и Рама во текот на денот ќе се сретнат со претседателот Зеленски.

На оваа посета ѝ претходеше телефонски разговор меѓу премиерот Абазовиќ и претседателот Зеленски, при што Абазовиќ истакна дека „Црна Гора дава отворена поддршка за независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и целосно го поддржува односот на ЕУ кон руската агресија“.

Руската агресија врз Украина започна на 24 февруари годинава. На 8 април, црногорската влада официјално ги усвои санкциите против Русија и целосно ги следи меѓународните рестриктивни мерки против Русија поради воената агресија врз Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нема да бара екстрадиција на оние…

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека…

Шефот на регионот Херсон убеден во позитивни…

Референдумот за присоединување на регионот Херсон кон…

Премиерот не очекува бегалски бран од Русија:…

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско…

Следува пресврт на настаните? Русија е подготвена…

Русија останува подготвена да преговара со Украина,…

Бугарија ги повикува нејзините државјани во најскоро…

Во врска со комплицираната ситуација, Министерството за…