Пренџов: Барам од ДЗС да се докомплентира пописот, не можам да одбијам или признаам нешто што не е докомплентирано

t

„Доколку овој попис не се комплетира до следната власт ќе имаме бранувања во јавноста сопописот. Колешката Калеска Ванчева спомна да не се гледаат политичките аспекти, затоа веднаш на самиот старт сакам да кажам дека оној дел кој што за мене е некредибилен, кај што не сакам да ги коментирам бројките е делот на иселениците. Значи такво нешто не постои ниту во Еуростат, ниту во Обединети нации, во методологијата. А, такво попишување се направи ради политика во државата, заради дневната политика. Никаде нема попишување на иселеници кои што живеат повеќе од една година надвор од Република Македонија. Такада, самото тоа инфилтрирање во рамки на пописот му дава и тоа како голема политика, и претпоставувам дека тој процес го водеше Артан Груби за да каже дека сработил нешто во Владата“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на Телма телевизија.

Пренџов додаде дека во поглед на бројките од пописот кој што е оној реалниот попис на населението и домаќинствата во Република Македонија не е комплетно завршен.


„Јас му давам шанса и на директорот и на сите надлежни да пописот се заврши. Бидејќи доколку вие имате мултикултурно и мултиетничко општество и доколку имате Устав од кој што пописот црпи права и обврски на граѓаните независно од која етничка заедница доаѓаат е недозволиво да повеќе од 132.000 сограѓани наши се непопишани“, речеПренџов.

Пренџов посочи дека доколку не сакале да има политика во пописот, од многу други извори ќе се дознаеше повеќе за тие 132.000 лица и ќе беа попишани како сите останати граѓани.

„Според мене тоа е свесно пуштање на раздор во општеството од страна на коалиционите партнери на власт,но не знам од кои причини“,нагласи Пренџов.

„Не можам да признаам или одбијам нешто што не е комплентирано“, укажа Пренџов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јотова: Нема причина да го тргнеме ветото,…

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова не гледа…

Спасовски открива дека МВР спречила хакерски напади…

„Ние сме прогласени од Русија за земја-непријател,…

Богоев ја нападна Левица: Кој ве плати…

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев смета дека…

Кривични за сите кои учествувале во фингираниот…

Левица не го признава овој попис и…