Пренџов: Клучните фигури во преговорите со Бугарија не се избрани на избори, Бугарија пет пати нѐ блокира, а Вие велите говорите за економија

t

“Господине Османи, преговорите со Бугарија ги водат три клучни личности, Премимерот на државата, Вие како министер за надворешни работи и Вицепремиерот за надворешни прашања.

За овие три клучни позиции имаме една заедничка точка, еден заеднички именител, а тоа е дека ниту еден од вас тројцата не сте излегле на избори. Ниту еден од вас троцна во 2020 година не сте тропнале на втара и не сте кажале Јас сум кандидат што ќе ги остварува вашите интереси, дали во Собранието или потоа во Владата и не сте преземале обврски спрема ниту еден од граѓаните.


И само ќе ве потсетам дека граѓаните управуваат со оваа држава преку претставничка демократија, односно преку нас пратениците. Вие почитуван министер, како и целата Влада сте избрани од страна на пратениците и Вие овде должите одговори, конкретни и јасни, бидејќи работата којашто ја работите не е нималку несериозна и бара многу енергија, многу стратегија ин многу ум.

Првото излагање во воведната реченица ви беше дека ова е институцијата каде треба да покажеме зрелост. Се согласувам, ова е таа институција каде мора да покажеме зрелост. Ама не е зрело, не е фер, не е европски и не е коректно да разговараме за проблем и да го доведеме на ниво на имагинација. Да Вие ни прераскажувате, па ние као ве разбираме и со тоа да заврши денешната седница.

Дали мислите дека некој од власта повеќе сака да се реши проблемот од некој од опозицијата? Не, ние исто сакаме. Јас сакам час поскоро да почнеме преговори со ЕУ. Зошто мислите дека колегата Николовски, или професорката Силјановска, или колештака Калевска- Ванчевска, или колешката Мираковска, не може нешто да Ви каже да ги засилиме дополнително нашите позиции?

Мислите дека целиот ум на нашето општество е собран на Илинденска?
Како да направиме да бидеме нормална демократска држава во која власта и опозицијата, како што зборувате секојдневно на медиуми, ќе имаат еден став ако вие си терате сами, овдека пратениците не знаат што се случува, Фрчко ни кажува на телевизија дека не е многу опасно, тој го видел, ние не сме го виделе.

Не викаат медиуми, нѐ прашуваат граѓани што нѐ гласале и не нѐ гласале и ние што да им кажеме?
Дојде министерот за надворешни работи којшто не излегол на избори и ни кажа дека добро ќе биде. Не е во ред и не е сериозно пак ќе ви кажам, и јас сакам час поскоро да вчеземе во ЕУ. Мислам дека тука има капацитет, избран со легитимитет од граѓаните, којшто може многу да даде во овие преговори.

Рековте создадпвме единство, потоа јас очекував ќе ги извадите документите да разговараме на отворена или затворена седница и кажавте меѓуетничко. Меѓуетничко не е единство, тоа е нормално. Ние треба да имаме политичко единство. Дали сте вие Албанец, Македонец, Турчин, Влав, Ром, мене не ми е важно, ама немаме политичко единство господиме Османи.

Политичко единство се прави тогаш кога сите претставници на граѓаните имаат еден унисон став, ама за да имаме унисон став ние треба да знаеме како, што, зошто вие преговарате.

Рековте дека 26 земји членки нѐ поддржуваат. Господине Османи, да бидеме сериозно. Ако Франција, Италија, Германија, Холандија, Шпанија, нѐ поддржуваат и само БУгарија е против, верувајте дека не држи тој аргумент.
Знаеме како стои Бугарија во ЕУ, знаеме каков глас ги бие, знаеме дека Бугарија не е држава која може на 26 земји членки може да им тера инает?

рековте вака Разговараме за економијата, железницата, Коридорот 8, за наука, за образование итн. Господине Османи ќе ве потсетам, не сме 2017 година, тие работи поминуваа во 2017 година. Господине Османи од тогаш пет пати нѐ блокираат, па Бугарија ако разговара за еконимија со нас, па таа ќе не бутка побрзо да влееме во Еѕ, затоа што ќе имаме милијарди грантови преку кои ќе правиме експресни патишта,пруги. Ако им е битна економијата тие немаше да не блокираат.

Мислам дека и тој аргумент не ви држи. Сите знаат што е работата ама сакаме така да ни минат деновите, еден кажал едно друг друго, ако може пацифистички да настапиме, така да ни мине денот и никому ништо. Не е во ред. Ве гледам во очи и ви кажувам , не вас лично како Бу јар Османи, туку како министер за надворешни работи, не е во ред. Немате целосен легитимитет во овие преговори затоа што граѓаните во оваа држава се проопозиционо настроени.

Во интерес на времето ќе ви кажам една работа и со тоа ќе завршам. За бугарски медиум имате дадено изјава дека македонската страна сменила два члена од историската комисија, тоа да го направи и бугарската страна. Тоа го зборувате таму, а овде ни кажувате дека зборувате за економија.

Тоа не е во ред, знаеме дека Бугарија бара временско разграничување на според нив територија.
До 1945 една со еден јазик, после тоа друга со друг јазик. И ние мораме сериозно да разговараме, за да изгледаме како сериозна држава. Вака не сме сериозна држава. Барам од оваа говорница, во најкус можен рок броен во денови, да си ги соберете на седница на влада сите вклучени во овој процес, да ги разгледате сите прифатени нон пејпери.

Ова е се само не е демократија, единство и вака ги немаме атрибутите на сериозна држава.” – рече Пренџов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот европратеник Ќучук: После толку обиди за…

Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан…

Бугарски професор: Ветото е бугарска глупост на…

Бугарскиот професор Евгени Даинов вечерва во дебатниот…

Одлуката за Македонија ќе се носи во…

Коалицијата имаше многу конструктивен дијалог на темата…

Коалиционите партнери на Петков: Украина не може…

„Очекуваме да слушнеме што ќе се случува…

Бугарија има уплав од македонизмот: Ако влеземе…

Бугариja нема да ги смени своите ставови…