Препораки од АЕК по зачестените кибер напади во државата и регионот

t

Во врска со зачестените кибер-напади Агенцијата за електронски комуникации и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти препорачуваат организациите да извршат безбедносна процена на своите ИКТ системи .

Во врска со зачестените кибер-напади во државата и регионот, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT) препорачуваат организациите од јавниот, владиниот и приватниот сектор да извршат безбедносна процена на своите ИКТ системи и услуги и да имплементираат и применуваат превентивни мерки и процедури за заштита од кибер напади и инциденти.

Од АЕК истакнуваат дека најважна работа за организациите e да се погрижат да се воспостават основите на кибер безбедност за да се заштитат нивните вработени, корисници на услуги, информации, уреди, мрежи и системи. Наведуваат активности кои имаат за цел организацијата да се осигура дека се поставени и правилно функционираат основните контроли за кибер хигиена и безбедност.

Според АЕК, високо приоритетни активности што треба да се применат во најкраток рок се:

-Навремено ажурирање на системски и апликациски софтвер и хардвер со последни јавно достапни верзии од производителите

-Проверка и ревизија на пристапот, преку повремена промена на лозинки, воведување на најава со повеќе фактори, ограничено користење на сметки со администраторски пристап и евиденција на активностите во дневници/Logfiles

-Проверка на мерките за одбрана, преку навремено ажуриран и активен антивирусен софтвер на сите уреди и системи, и со периодично тестирање на правилата за интернет сообраќај поставени на огнениот ѕид/Firewall

-Надзор и евиденција на пристап и кориснички активности, преку запишување на секоја активност во дневници / Log files, и алармирање за невообичаени активности

-Тестирање и ревизија на политиките за бекап и валидација за исправен бекап, со проверка дали политиките и процедурите за снимање на заштитена копија од важните податоци одговараат на потребите на организацијата, како и проверка на снимени копии од податоци со нивно „враќање“ – за да знае организацијата дека снимените податоци се во ред.

-План за одговор на инциденти, со идентификувано лице на кое вработените треба му да пријавуваат сомнителни активности и кое ќе ги организира активностите поврзани со справување со инцидентот – со крајна цел што побрзо да се врати нормално работење на организацијата

-Безбедност на интернет и јавни услуги и сервиси, преку спроведување на надворешно безбедносно скенирање, по што треба да следи период на поправка на најдени слабости, и воспоставени директни контакти со Интернет провајдерот за брз одговор во случај на DDoS напади

-Одговор на фишинг-напади, преку едукација на вработените како да препознаат лажни пораки и кому да пријават

-Безбедност на соработници и трети лица/страни, преку проверка и ревизија на ресурсите до кои организацијата им овозможува пристап на надворешни лица и фирми, вклучитлено и компаниите кои се ангажирани за одржување на ИКТ системите

-Пријава на инциденти и сомнителни активности, во склоп на организацијата и до MKD-CIRT. Споделете информации со MKD-CIRT и на тој начин ќе помогнете да се заштитат и другите организации во државата. При тоа, MKD-CIRT пред да сподели пријавена информација, истата ќе ја направи анонимна и не споделува податоци за пријавувачот со трети страни/лица.

MKD-CIRT, како што велат од Агенцијата, им препорачува на сите организации во државата да ги имплементираат и користат минималните мерки за кибер-безбедност кои се наведени во шемата за само-оценување „Сајбер Одговорна Организација“ за што може да се најдат повеќе информации на линкот: https://mkd-cirt.mk/odgovorno-rabotenje-na-internet/.

АЕК укажува и на потребата од користење на услуга за Надворешна кибер-безбедносна проверка на веб апликации (надворешно скенирање на веб-сајтови). Таа услуга е бесплатна за операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и услуги, организации од јавен и владин сектор и оператори на критична инфраструктура во државата. Со оваа услуга организацијата ќе добие извештај за најдени слабости на своите веб-сајтови кои криминалците може да ги искористат, како и насоки како да ги поправи. Повеќе за услугата на: https://mkd-cirt.mk/usluga-za-proverka-na-veb-aplikacii/.

За подигање на јавна свест за значењето на кибер-безбедноста и за едукација на вработените, Агенцијата предлага следење на бесплатни основни онлајн обуки за кибер-безбедност наменети за вработени и менаџери, кои се достапни на порталот за едукација на MKD-CIRT на: https://lms.mkd-cirt.mk/. Обуките се достапни на македонски и албански јазик.

Агенцијата за електронски комуникации воедно апелира до MKD-CIRT да се пријавуваат кибер-инциденти и сомнителни пораки и активности на е-поштата: [email protected].

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски медиуми: Авионот не можеше да слета…

Руските медиуми тврдат дека авионот не можел…

Данска го зголемува буџетот за одбрана на…

Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…

Мицкоски им се извини на жителите на…

Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но…

Бигорски манастир: Да го прифатиме намалувањето на…

По повод двата најголеми христијански празници, Рождество…

ВМРО-НП: Македонија да се вклучи во транснационални…

ВМРО-Народна партија со внимание ги следи случувањата…