Мицкоски им се извини на жителите на Арачиново и на Липково: Постојат неодговорни градоначалници, уште денес ќе се стапи во контакт со општините за градинките

t

Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но тоа не треба да биде пречка, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со согласностите за вработувањата и пуштањето во употреба на градинките во Липково и Арачиново.

Мицкоски рече дека разговарал со министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, и во текот на денот членови на неговиот кабинет ќе стапат во контакт со администрацијата во Арачиново и Липково и состојбата ќе биде надмината и завршена.

„На жителите на двете општини им се извинувам за непријатностите. Децата се наш приоритет и политиката на оваа влада е во таа насока. Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но тоа не треба да биде пречка“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Лимани вчера изјави дека очекува извинување од градоначалниците поради нивните изјави дека е нелигитимен министер.

„Во моментот кога ќе утврди дали сум легитимен или не, тогаш кога ќе се увери дека сум легитимен во исто време и мојот потпис ќе биде легитимен, и двете не одат заедно, мојата нелегитимност и мојот легитимитет како потпис“, рече Лимани.

Од друга страна, градоначалниците на двете општини изјавија дека се соочуваат со бирократски пречки за ставање во функција на објектите.

Градинките во Арачиново и Липково се очекува да сместат по 115 деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Сеута: стампедо и предупредувачки…

Хаотични сцени се случувале утрово во шпанската…

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…

Урсула фон дер Лајен на турнеја низ…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Макрон нареди изработка на план за заштита…

Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот изјави…

Европа останува без нафта од Саудиска Арабија…

Саудиска Арабија ги информирала европските рафинерии дека…