Објавено на:

Пресек температури: Променливо облачно со краткотраен дожд и ретки грмежи

t

Максималните температури денеска беа 24 Берово, 26 Крива Паланка, 27 Штип, 28 Охрид, Претор, 29 Тетово, 31 Скопје-Петровец, Битола, 32 Струмица, 34 Демир Капија.

Наврнат воден талог за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 9 Штип, 4 Струмица, 1 Крива Паланка.

Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на
дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина
воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од
измерената.

Времето денес е променливо облачно со повеќе сончеви периоди вдолж Повардарието каде дуваше умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец. Во Штип ветерот достигнуваше брзина до 60км/ч. Попладне во источните делови имаше локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Во текот на ноќта ќе биде ведро со слаб до умерен ветер од северен правец.

Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…

26-годишен жител на Кочани се соочува со…

Стотици илјади Украинци останаа без струја по…

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…

Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…

Во пукање на главниот плоштад во Краков,…

Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…

Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…