Претрес во Тетово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

t

На 16.04.2026 во 22:05 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

При претрес во локал во Тетово, извршен со согласност од сопственикот, а кој под наем го користел малолетникот, пронајдени се и одземени 34 пакувања со марихуана, една кутија и една ќеса со марихуана и едно пакување со рела прашкаста материја.


Тој е задржан во полициска станица и во присуство на родител со него ќе биде извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Старец нашол туѓа картичка и си пазарел…

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Р.Н.(70)…

Полицијата ја откри и ја казни жената…

Полицијата ја откри и ја санкционира жената…

Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…

Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…

 Исчезна 32-годишен скопјанец во Охрид, на плажата…

Полицијата и спасувачките екипи трагаат по 32-годишен…