Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната на судиите против Струга, велат од ФФМ
Фудбалската федерација на Македонија се огласи по натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Струга, кој заврши со победа на гостите од 2-0. Од федерацијата се осврнаа на спорниот момент од 24. минута, кога по интервенција на ВАР беше досуден пенал за стружани, а домашниот тим остана и со играч помалку.
И покрај реакциите од таборот на Шкендија Арачиново, од ФФМ сметаат дека судиската одлука била исправна и дека ВАР-системот правилно бил применет.
Според објаснувањето на федерацијата, напаѓачот на Струга, со број 9, бил спречен да продолжи со акцијата преку недозволено влечење и задржување од страна на домашниот дефанзивец со број 3. Од ФФМ посочуваат дека станувало збор за очигледна шанса за постигнување гол, бидејќи напаѓачот имал можност прв да стигне до топката и да се најде во поволна позиција пред голот.
„Главниот судија и покрај очигледниот прекршок, првично не реагира и дозволува играта да продолжи. ВАР-судиите правилно го отвораат ВАР-протоколот и влегуваат во проверка на оваа ситуација, по што правилно интервенираат и препорачуваат преглед на снимка на терен за можен прекршок за казнен удар и дисциплинска мерка директен црвен картон за спречување очигледна шанса за гол“, се наведува во соопштението на ФФМ.
По прегледот на снимката, главниот судија Влатко Илиоски ја променил првичната одлука, досудил пенал и му покажал директен црвен картон на дефанзивецот на Шкендија Арачиново.
Од федерацијата нагласуваат дека во конкретната ситуација ВАР-протоколот бил целосно испочитуван и дека правилно биле применети правилата за досудување пенал и исклучување поради спречување очигледна шанса за гол.
ФФМ обвинува за навреди во судиската соблекувална
Покрај образложението за спорниот пенал, федерацијата изнесе и сериозни обвинувања за однесувањето на претставници на домашниот тим по завршувањето на натпреварот.
Од ФФМ тврдат дека Шкендија Арачиново по вторпат сезонава, преку свои претставници и неслужбени лица, влегла во судиската соблекувална и упатувала навреди кон арбитрите и официјалните лица на федерацијата.
„Домашната екипа ФК Шкендија Арачиново, по втор пат и на ист начин, неосновано и субјективно, преку претставниците на екипата и неслужбени лица, влегле во судиската соблекувална и неспортски, навредливо и вулгарно упатувале навреди кон судиите и официјални лица во Фудбалската федерација на Македонија, а инцидентот е записнички констатиран“, соопштија од ФФМ.
Поради ваквото однесување, најавена е и соодветна дисциплинска постапка против клубот.
Претходно реагираше и Шкендија Арачиново
Да потсетиме, претходно денеска и Шкендија Арачиново излезе со соопштение во кое го обвини главниот судија Влатко Илиоски дека во 88. минута го навредил капитенот Бесир Демири, упатувајќи му ги зборовите „мајмун неписмен“.
Од клубот побараа ФФМ да ја објави аудиоснимката од спорниот момент и да го истражи случајот, оценувајќи дека наводната изјава има можна расистичка конотација.
Така, натпреварот во кој Струга славеше со 2-0 продолжува да предизвикува реакции и по последниот судиски свиреж. Додека федерацијата застана зад судиската одлука за пеналот и најави дисциплинска постапка поради наводните инциденти во соблекувалната, останува да се види како ќе се развива случајот со обвинувањата на Шкендија Арачиново против главниот судија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната…
Фудбалската федерација на Македонија се огласи по…
Шкендија го совлада Вардар во Скопје
Дерби дуелот од 2.коло во Првата македонска…
ФФМ со жесток одговор до Шкендија: Правилата…
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со соопштение…
Зајкова за навивачите на Шкендија: Исвиркување на…
Лидерката и пратеничка на ЛДП, Моника Зајкова…
Шкендија се правда: Не одбивме медали, поради…
Соочени со потенцијална казна од Фудбалската федерација…