Приведени 12 возачи за безобѕирно управување со возило, седум немале возачка дозвола, од нив еден малолетник

t

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден од возачите бил под дејство на алкохол.

Дополнително, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол, додека двајца управувале возило со активна забрана за управување, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување со возило.

-Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот, порачуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…