Приведен ексминистерот за земјоделство Трајан Димковски
Екс-министерот за земјоделство Трајан Димковски бил приведен денеска, потврдува за „Слободен печат“ висок функционер на СДСМ.
Според дел од медиумите во недостиг на официјални податоци од МВР, приведени со него биле и поранешен директор на Јавното претпријатие „Агро берза“ и уште неколку раководители како осомничени во акција за „злоупотреба на службената положба“.
Според информации на „Слободен печат“, станувало збор за истрага со малверзации со стокови резерви, во периодот на кризата кога почна војната во Украина.
Дел од медиумите пишуваат дека „лицата со неизвршување на својата службена должност, придонеле да се изврши отпишување на 1.500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 килограми јачмен од државните стокови резерви, со што причиниле штета на буџетот од околу 780.000 евра“.
Овие информации не е се официјално потврдена од МВР ниту од Обвинителството.
Меѓу осомничените е и едно вешто лице од Бирото за процена од областа на земјоделството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени две лица од струшко за обид…
Две лица од струшко се приведени во…
Приведен прилепчанец кој возел пијан на сред…
Вчера во 14:00 часот на бул.„Гоце Делчев”…
Приведен скопјанец, во неговото возило пронајдени девет…
Полицијата денеска попладне околу 17 часот на…
Приведен 40 годишен скопјанец, бил баран со…
Денеска (17.05.2022) во 11.00 часот на ул.„Мајка…
(Видео) Приведен претседател на Хондурас затоа што…
Поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Ернандез…